Распишани се објави за отуѓување на државно градежно земјиште во општина Центар, наменето за изградба на хотелски комплекси. Се работи за две парцели на левиот брег на Вардар, непосредно под американската амбасада, опфатени со ДУП „Централно зеленило покрај Вардар – Парк 2“. Парцелата бр.2.2 е со површина од 8.745 метри квадратни, а парцелата бр.2.3 е со површина од 13.675 метри квадратни. Почетната цена за обете е 61 денар за метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање за градежната парцела бр.2.2 може да се достават најдоцна до 05.11.2010, а наддавањето ќе се одржи на 15.11.2010, додека за градежната парцела бр.2.3 рокот е 03.11.2010, а наддавањето е закажано за 12.11.2010.
Во овој реон според деталниот урбанистички план е предвидена изградба на вкупно пет хотели, спортски центар и катна гаража.