Претходна статија
Улицата Илинденска прерасна во булевар Илинден
Следна статија
Конкурс за неколку фасади од „Скопје 2014“

Се бара инвеститор за уште облакодери во Аеродром

Објавено на 24.09.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Откако пред четири месеци државата пронајде инвеститор кој во општината Аеродром ќе гради најмалку три згради, секоја од нив со по најмалку 33 спрата, сега во истиот реон се нуди и парцела на која е предвидено да никне најмалку уште една висококатница. Министерството за трнспорт и врски распиша оглас за отуѓување на државно градежно земјиште со површина од 12.460 метри квадратни по пат на јавно наддавање.  Парцелата се наоѓа на Булевар Србија во близина на бензинската пумпа на Макоил и е со намена за станбени згради. Површината за градба е 7.153 метри квадратни, максималната бруто развиена површина изнесува 351.428 метри квадратни, а максималната висина до венец е 500 метри со катност П+124. Инвеститорот би се обврзал во минимална варијанта да изгради еден објект со најмалку приземје и 33 ката и висина од 136 метри до венец, како и минимална бруто развиена површина од 100.000 метри квадратни.


Пријавите за учество можат да се достават најдоцна до 19.10.2010, а лицитацијата ќе се одржи на 26.10.2010, со почетна цена од 4.600 денари за метар квадратен, односно околу 540.000 евра за целото земјиште. Потенцијалниот инвеститор ќе треба да обезбеди одобрение за градба во рок од 9 месеци од солемнизацијата на договорот и да го изгради објектот во рок од 6 години од прибавеното одобрение. Доколку објектот не биде изграден  во определниот рок, инвеститорот ќе плаќа казна во висина од 2% од купопродажната цена на земјиштето за секој изминат месец, но најмногу 2 години од истекот на рокот, по што доколку и во тој период не го изгради објектот, договорот ќе се раскине и земјиштето ќе се врати во сопственост на Република Македонија.