Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Се шлака творбата на архитект Зоран Штаклев
Следна статија
Пет енергетски ефикасни објекти со паричен „поврат“ во Карпош

900 милиони денари ќе отидат на Рајски парк во општина Аеродром!

Објавено на 09.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Електрани на Македонија во изминативе пет години има изградено само два нови енергетски капацитети – ветропаркот „Богданци“ и хидроелектраната „Матка 2“. Нискиот број на подигнати објекти за производство на електрична енергија не ја спречи компанијата денеска да објави тендер за изградба на Рајски парк во скопската општина Аеродром. Публикуваниот тендер има проценета вредност од дури 900 милиони денари, не вклучувајќи го тука ДДВ. Најголемиот скопски парк со разновидни животни е планирано да се лоцира крај Кејот на Вардар во населбата Ново Лисиче, веднаш по Куќата на фудбалот на ФФМ. Рајскиот парк треба да се протега на површина од околу 9 хектари и во него ќе можат слободно да шетаат срни, фазани, мајмуни и други животни.

 

 

 

Според објавените податоци од Бирото за јавни набавки, државната енергетска компанија планира проектот да го реализира во период од две години. Проектната документација за Рајскиот парк е веќе завршена, а само за идејното решение се потрошени речиси 114.000 евра. Автори на проектот се Никола Стакинов и Лазар Димов. Замислата за издигнување на ваква содржина во Скопје беше обелоденета на отворена владина седница од поранешниот премиер Никола Груевски кон крајот на 2012 година. Сите заинтересирани компании имаат рок до 23 јуни за да ги достават своите понуди до Електрани на Македонија, по што ќе следи период за избор на изведувач на Рајскиот парк.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk