Во скопската населба Ново Лисиче, во присуство на голем број граѓани и видни личности, денес беше ставена во функција меморијалната фонтана во чест на Тоше Проески. Таа е кружна, на три нивоа, со дијаметар од 7 метри и со височина на базенот од 1,2 метри. Вградена е илуминација во повеќе бои, а околниот простор е хортикултурно уреден и е поставена прикладна урбана опрема. Проектот го изработи „Мегарон Инженеринг“, додека градежните работи ги изведе „Промонтинг“.
Изградбата на меморијалната фонтана ја финансираа Фондацијата „Тоше Проески“ и Општина Аеродром. Таа беше спомнувана како прва фаза во реализација на спомен-паркот и пешачката улица посветени на Тоше, но засега нема најави дали и кога ќе се реализираат останатите предвидени содржини. Автор на идејното решение за уредување на паркот и улицата е архитектот Филип Богатинов.
Форумска дискусија за овој проект » овде