Претходна статија
Градот Скопје ќе потроши уште 14,1 милиони евра за „барокни“ фасади до 2018 година
Следна статија
Цената на патот кон Сончев град нарасна на 7,5 милиони евра

Се продаваат парцели за викендички и хотел на Пониква

Објавено на 28.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Кочани продава градежно земјиште наменето за викендички и хотел во зимско – рекреативниот центар Пониква. Локалната самоуправа нуди 23 парцели за викенд куќи со просечна површина од по 650 метри квадратни, од кои најголемата достигнува површина од над 3.600 метри квадратни. „Општината се определи до крајот на годината да продаде значително поголем број на парцели одошто тоа беше практика во изминатите месеци. Освен плацевите за викенд куќи на Пониква се продава уште еден плац од околу 6.000 метри квадратни, наменет за изградба на хотел“, соопштуваат од Општина Кочани.

 

Заинтересираните субјекти треба да се пријават за лицитацијата најдоцна до 24 ноември, а електронското јавно наддавање е предвидено да се одржи во периодот од 30 ноември до 9 декември. Најповолните понудувачи ќе имаат рок од девет месеци за да обезбедат градежни дозволи.