Претходна статија
„Бауер БГ“ ќе го гради затворениот базен во Охрид
Следна статија
Ќе се изготвува проект за патот од Крива Паланка до Деве Баир

ДУП-от за Дебар Маало – заедничко решение на Општина Центар, граѓаните и НВО секторот

Објавено на 19.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, граѓаните од иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“ и НВО „Плоштад Слобода“ денеска потпишаа Меморандум за поддршка и согласност за тоа дека при изработката на урбанистичките планови ќе се поаѓа од интересот на граѓаните и нивните потреби. „Вака треба да се решаваат сите ДУП-ови, не само во општина Центар, туку и во цела Македонија. Јавната анкета е да се прашаат и вреднуваат мислењата на граѓаните. За нацрт ДУП-от „Дебар Маало“ имаме преку 400 мислења. Наидовме на разбирање од градоначалникот и од општината и задоволство ми е што сме на иста страна. Ги повикувам и градоначалниците од другите општини, особено од Карпош и Кисела Вода, каде што моментално има најголема узурпација, да постапат како градоначалникот на Центар“ истакна Никола Наумоски од „Плоштад Слобода“.

 

 

Од донесените измени во урбанистичките планови за населбата Дебар Маало се задоволни граѓаните и пазарџиите. Претставникот на Комората на трговци посочи дека пазарџиите се залагаат да опстои пазарчето Буњаковец, но како модернирана и реновирана целина во просторот. Во заклучоците од меморандумот стои дека е неопходно да се направи попис на зеленилото на местото каде што се наоѓаат бараките на општина Центар, на која катноста на општинските објекти значително ќе се намали. Спорната маркичка за градење во дворот на Министерството за култура треба да се тргне од ДУП-от, додека Општина Центар и граѓаните ќе ги искористат сите правни начини за да се оспорат владините планови за изградба на станбени објекти на местото на постоечките бараки на АДСДП.