Претходна статија
Над 11.000 потписници го повикуваат премиерот Груевски да го заштити Охридското езеро
Следна статија
Архитектонски конкурс за нова регионална библиотека во Варна

Магистралниот пат Штип – Радовиш ќе се надградува со заем од ЕБРД

Објавено на 15.09.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Јавното претпријатие за државни патишта периодов преговара со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за финансирање на реконструкцијата на магистралниот пат од Штип до Радовиш. ЕБРД е подготвена да обезбеди средства во висина од 64 милиони евра, или поточно, најголем дел од финансиската конструкција на проектот вреден 78 милиони евра. Планирано е да се рехабилитира постоечкиот коловоз од клучката Три чешми до Штип – југ, како и од селото Бучим до Радовиш. Нова траса е зацртано да се изведе на делот од Штип – југ до селото Бучим.

 

 

 

Изготвената проектна документација предвидува проширување на коловозот, кој во иднина е предвидено да има две коловозни ленти со ширина од 3,5 метри и две помошни сообраќајни ленти со ширина од 2,2 метри. За овој проект од банката веќе е објавено индикативно известување за набавки, наменето за оние компании што се заинтересирани да учествуваат во зафатот. Од ЕБРД очекуваат дека тендерот за избор на градежна компанија за реконструкцијата и надградбата на патот Штип – Радовиш ќе се објави во првиот квартал од 2016 година.

 

Проектната документација за магистралниот пат Штип-Радовиш ја изработи фирмата „Простор“ од Куманово. За нејзиното изготвување пред две години беа одвоени финансиски средства во висина од над 116 милиони денари, односно 1,9 милиони евра.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk