Претходна статија
„Трансмет“ ќе ја санира браната Пишица кај Пробиштип
Следна статија
Нови автобуски постојки ќе се постават во Битола

Охридската променада ќе биде продолжена кон хотел „Парк“

Објавено на 04.09.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Започна втората фаза од изградбата на крајбрежна патека покрај Охридското езеро, на потегот од каналот Студенчишта до месноста Свети Стефан. Патеката во оваа фаза ќе се продолжи кон некогашниот хотел „Парк“ во должина од 210 метри. Како и во рамките на првата етапа од проектот, шеталиштето ќе биде со широчина од 12 метри и ќе вклучува пешачка патека, велосипедска патека, поставување на урбана опрема и ново осветлување. Исто така ќе биде изведена атмосферска, водоводна и електрична инсталација. Изведувач на работите на терен е фирмата „Еуро Стил“ од Охрид.

 

 

 

Од општинскиот буџет за втората фаза од проектот се алоцирани 90 илјади евра. Во следната етапа ќе се продолжи изградбата на шеталиштето, на делот од мостот кај каналот Студенчишта до плажата „Куба либре“ во должина од 200 метри. Првата фаза од реализацијата на замислената охридска променада беше комплетирана на почетокот од јули годинава.