Претходна статија
Колку се заштедува со користење соларна енергија во вашиот дом?
Следна статија
Новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ се соочува со проблеми

ФОТО ВЕСТ: Палатата „Панко Брашнаров“ речиси завршена

Објавено на 06.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

За околу еден месец се очекува отворањето на новата државна административна зграда, лоцирана веднаш до хотелот „Бристол“ во Скопје [»мапа]. Во објектот кој од неодамна го понесе името Палата „Панко Брашнаров“, простории ќе имаат Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, АДСДП и Службата за општи и заеднички работи на владата.

 

Изградбата на Палатата „Панко Брашнаров“ досега ја чинеше државата околу 4,4 милиони евра, без вкалкулирани трошоци за ентериерното уредување. Изведувач на градежните работи е фирмата „Декон – Ком“, а надзорот го врши Градежниот институт „Македонија“. Проектот го изработи „Прима инженеринг“, врз основа на идејното решение на архитектите Жарко Чаушевски и Никола Стакинов.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

###

###

###

###

###

###