Претходна статија
Се продаваат седум градежни парцели во тетовското село Теново
Следна статија
Втора фаза од реконструкцијата на градскиот плоштад во Прилеп

Физибилити студија за проширување на ски – центарот „Пелистер“

Објавено на 12.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Зимско – рекреативниот центар „Пелистер“ во иднина ќе се прошири со нови скијачки патеки и дополнителни содржини што ќе овозможат негово користење во текот на целата година. Јавното претпријатие „Стрежево“ деновиве ја доби физибилити студијата изготвена од фирмата „ПоинтПро Консалтинг“, во која е предвидено етапно проширување на скијачкиот центар. Во првата фаза комплексот би се проширил во појасот околу врвот Муса, додека во следната фаза е предвидено проширување кон месноста Орлови Бари и кон Преспа.

 

 

 

Инвестирањето во првата фаза од реализацијата на проектот би довело нови 3.000 – 4.000 љубители на зимските спортови на падините на Пелистер. Во студијата е наведена можноста за изградба на шестосед жичара и минимум пет скијачки патеки со вкупна должина од 10 километри. На една од скијачките патеки би се поставил систем за создавање на вештачки снег и би се изградил локален пат до новата скијачка зона.

 

Ски – центарот „Пелистер“ би се стекнал и со други дополнителни содржини за љубителите на екстремните спортови, со што целата инвестиција би достигнала над 8,5 милиони евра. Во физибилити студија се предлага воспоставување на договор за јавно – приватно партнерство со заинтересиран инвеститор, кој би можел да го поврати вложеното во временски период од околу седум години.

 

Проширувањето на зимско – рекреативниот центар „Пелистер“ е долгогодишна тема на ветување на македонските влади. Последниот конкретен чекор во таа насока е изготвувањето на физибилити студија, за која беше распишан повик на почетокот од јануари годинава.