Претходна статија
По Тетово, биогасна електрана и во Битола
Следна статија
Автобускиот превоз граби раст и на почетокот од 2015 година

Владата ќе го унифицира ликот на Старата скопска чаршија

Објавено на 19.05.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

На распишаниот Конкурс за избор на идејни решенија за уредување на излозите и рекламите во Старата скопска чаршија пристигнале два конкурсни труда, од кои ќе се изготви комбинација што ќе се преточи во иден унифициран лик на старото градско јадро. Од Министерството за економија ја доделиле втората награда на фирмата „Фајнарт мултимедија“ која има доставено труд за изглед на златарница, додека третата награда и припадна на фирмата „БИМС компани ДООЕЛ“ за идејното решение наменето за излог.

 

##

 

 

Во натамошните фази општина Чаир и Министерството за економија ќе изготват основни проекти врз основа на избраните идејни решенија. Како финална цел на проектот, дуќаните лоцирани на една улица од Старата скопска чаршија ќе добијат нови излози, за што Министерството за економија преку Програмата за поддршка на туризмот во 2015 година предвиде 20 милиони денари. Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити пред еден и пол месец појасни дека урнек за реализацијата на проектот е реставрацијата на чаршијата во Сараево.

 

 

» Форумска дискусија за Старата скопска чаршија

 

» Фото – нишка за Старата скопска чаршија