Претходна статија
50 милиони евра за водоснабдување и одведување на отпадни води
Следна статија
Ставена во функција новата катна гаража во Прилеп

Со консултант до подземни сообраќајници и Луна Парк

Објавено на 14.07.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Првиот човек на Град Скопје, Коце Трајановски, денес потпиша консултанстки договори со шпанската фирма „ИДОМ“ (IDOM, Ingeniería, Arquitectura y Consultoría S.A.) од Билбао, во врска со предвидените подземни сообраќајници и забавниот парк „Луна“, за кои Градот сака да најде концесионери. Консултантот треба да изработи студии за двата проекти, како и утврдување на правните постапки за начинот на концесионирање и промоција на проектите.  Консултантските услуги за подземните сообраќајници ќе го чинат Градот 199.700 евра, додека услугите за Луна-парк ќе чинат 190.000 евра.  Проектите ќе се реализираат во три фази. Инаку „ИДОМ“ беше и ревизор на проектот за брз трамвај во Скопје во времето на градоначалникот Трифун Костовски, во моментов изработува сообраќајна студија за главниот град, а учествуваше и на тендерот за изработка на техничка документација за четирите најавени магистрални гасоводи во земјава.