Претходна статија
Се продаваат плацови за куќи во населбата „Јака“
Следна статија
СДСМ: Проектот „Скопје 2014“ чини 584 милиони евра

Се создаваат услови за реализација на плоштадот „ВМРО“

Објавено на 29.01.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скулпторката Елена Дуковска е победник на Конкурсот за избор на идеен проект за подигање на спомен обележје и фонтана на плоштадот „ВМРО“ во центарот на Скопје, објави интернет – порталот „Плусинфо“. Нејзиниот труд за планираниот мермерен столб на плоштадот се стекна со прва награда во износ од 50.000 денари. Обележјето треба да претставува „комбинација од клучните моменти и настани од историјата на ВМРО“. За негова непречена реализација, Советот на град Скопје вчера го усвои Извештајот за извршување на Одлуката за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен – обежјето и фонтаната.

 

 

 

Покрај прикажувањето на историјата на ВМРО на мермерниот столб, фонтаната кај идното седиште на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ е планирано да биде обликувана со настани, личности и симболи од историјата на Македонија. Градот Скопје веќе ја избра компанијата „Урбан инвест“ од Кавадарци за изведувач на градежните работи за изградба на плоштадот. За оваа јавна површина од 681 метри квадратни од годинашниот градски буџет ќе се одвојат финансии во висина од 1,3 милиони евра.