Претходна статија
Сè поизвесна туристичката зона кај Љубаништа
Следна статија
Екологистите со остри критики околу изградбата на експресен пат Охрид - Пештани

Започна втората фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“

Објавено на 12.01.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скопската општина Чаир ги отпочна работите за изградба на втората фаза од плоштадот „Скендербег“, со која е предвидено да се премости булеварот Гоце Делчев. Работниците на градежната компанија „Бауер БГ“ веќе го оформуваат градилиштето. Од локалната самоуправа најавуваат дека јавниот простор над скопската сообраќајница ќе се протега на 8.000 метри квадратни, додека површината пред стоковната куќа „Илинден“ ќе опфаќа околу 14.000 метри квадратни. Плоштадот ќе се простира од стоковната куќа „Мост до улицата Стив Наумов, како и од стоковната куќа „Илинден“ до Македонската опера и балет.

 

 

 

За изведба на втората фаза од плоштадот „Скендербег“ веќе се издвоија 10 милиони евра. Претходно, во 2013 година беше пуштен во употреба дел од овој јавен простор, во кој се инвестираа околу 2,7 милиони евра. По завршувањето на втората фаза, Општината ќе премине кон изградба на подземен паркинг на две нивоа, кој е предвидено да прими 400 возила.