Претходна статија
Се гради канализацијата за „Сончев град“ и Сопиште
Следна статија
Во градовите крнтии, меѓу градовите ќе сообраќаат автобуси со европски стандарди

Втората фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“ во Скопје ќе голтне 10 милиони евра (ДОПОЛНЕТО)

Објавено на 09.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Фирмата „Бауер БГ“ ќе го изведе премостувањето на булеварот Гоце Делчев, со кое плоштадот „Скендербег“ ќе се прошири и на територијата на општина Центар [»мапа]. Градежните работи треба да почнат во наредните десетина дена и да се завршат во рок од една година, а според информациите што ги пренесе дневниот весник „Дневник“, „Бауер БГ“ за своите услуги ќе наплати околу 10 милиони евра. За време на реализацијата на проектот ќе функционира посебен сообраќаен режим.

 

Основниот проект за оваа фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“ го изработи Друштвото за градежништво и услуги „Урбан Стил Инженеринг“, за што Општина Чаир веќе издвои околу 440 илјади евра. Проектот предвидува изградба на мост преку булеварот Гоце Делчев на потегот од крстосницата со улицата Стив Наумов до стоковната куќа „Мост“, врз кој ќе се наоѓа платото на плоштадот (со што ќе бидат покриени околу 150 метри од булеварот). Ваквата проширена верзија на плоштадот, за која Општина Центар се согласи во 2011 година, ќе се простира на вкупно 28.674 метри квадратни, наместо 12.865 метри квадратни доколку проектот се реализираше само на територијата на Чаир.

 

По завршувањето на втората фаза, ќе биде распишан тендер за изведба на третата фаза, со која е предвиден подземен паркинг на две нивоа со капацитет за 400 возила на местото на постојниот паркинг кај стоковната куќа „Илинден“. Kамен темелникот за изградба на плоштадот беше поставен на 17 јануари 2012 година. Реализацијата на првата фаза заврши кон средината на минатата година и чинеше околу 2,7 милиона евра. Автори на Идејното решение се архитектите Бетим Зеќири, Бекир Адеми и Бесиан Мехмети.

 

 

####

####

####