Претходна статија
Градежништвото годинава со помалку работа во однос на лани
Следна статија
Кружните текови на „Туристичка“ во Охрид конечно реалност?

Дел од улицата „Аминта Трети“ наскоро со нов лик

Објавено на 04.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Сквер „Буњаковец“ (извор: Општина Центар)Општинската власт во Центар планира да ја реконструира улицата „Аминта Трети“ (поранешна улица „Ленинова), на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до булеварот „Св. Кирил и Методиј“ (поранешна М.Х. Јасмин), проект кој ќе се надоврзе на неодамна изградениот сквер „Буњаковец“ и ќе биде негово своевидно продолжение. Градежните работи ќе опфатат поставување на нов асфалт на коловозот, изведба на нови тротоари, улично осветлување и велосипедска патека по должина на целата улица. Вкупната површина што ќе се реконструира изнесува 5.200 метри квадратни.

 

Активностите на терен треба да започнат есенва и да завршат во првата половина од 2015 година, а за изведувач е избран „Гранит“ од Скопје. Општина Центар склучила договор за изведба на проектот во вредност од 27.702.425 денари или околу 450 илјади евра и истиот бил потпишан во текот на летниот период. Засега нема информации за евентуални корекции на препознатливиот дрворед долж улицата. Со реконструктивниот зафат, една од најубавите и најстарите улици во центарот на Скопје ќе добие целосно нов лик.