Подигнување на нивото на пероните, реконструкција на внатрешноста, поставување на лифтови, нови информативни табли и инсталирање на фотонапонски панели на покривот – ова се најважните сегменти на проектот за реконструкција на главната железничка станица во Скопје, кој треба да заврши до 15 април наредната година. Најголем дел, односно 85% од потребните 2,5 милиони евра се обезбедени од европските ИПА фондови, додека преостанатите 15% ќе ги покрие државниот буџет. Проектот го изработи холандски „Гронтмеј“ (Grontmij), изведувачи на градежните работи се домашните „Инком Инженеринг“, „Бонор Инженеринг“ и „Глобоцки“, а надзорот го врши италијанската „АРС Проџети“ (ARS Progetti SpA).