Претходна статија
Расте енергетската зависност на Македонија од странските пазари
Следна статија
Заврши санацијата на мостот „Гемиџии“ во Велес

Почнува третата фаза од рехабилитацијата на патот Велес – Штип

Објавено на 20.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Јавното претпријатие за државни патишта ја привршува втората фаза од проектот за реконструкција на магистралниот пат Велес – Кадрифаково. Во моментов се работи на санација на делницата од велешката депонија до селото Лозово во должина од 8,9 километри, а градежната компанија „Гранит“ од Скопје веќе во текот на оваа недела ќе започне да ја реализира и третата фаза од реконструкцијата на патот, на потегот од Лозово преку Сарамзалино до Кадрифаково во должина од 10,7 километри. Директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски денеска изјави дека граѓаните ќе можат да се движат по реконструираната делница кон крајот на наредната година.

 

За третата фаза од рехабилитацијата на магистралниот пат Велес – Штип ќе бидат вложени над 390 милиони денари или околу 6,3 милиони евра. Со претстојниот зафат целосно ќе се реконструира постоечкиот коловоз широк 6,4 метри, но и ќе се изврши проширување на сегментот помеѓу Лозово и Кадрифаково со што патот ќе има две сообраќајни ленти и две ленти за застанување, со вкупна широчина од 11,1 метри. За остварување на сите три фази од реконструкцијата на оваа сообраќајница во должина од 24 километри се издвоени финансии во висина од 14,9 милиони евра.