Претходна статија
До март 2016 ќе се обучат 1.000 работници за енергетска ефикасност
Следна статија
Намален интересот за градење нови станови во август

ГТЦ со барокна фасада, трите куполи избришани од изведбениот проект

Објавено на 08.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Продолжува постапката за менување на изгледот на Градскиот трговски центар во Скопје. Директорот на ГТЦ, Аго Абазовски во изјава за весникот „Вест“ вели дека нема да се градат трите куполи, кои беа најавени со идејното решение за реконструкција и надградба на ова значајно здание во централното градско подрачје. Изведбениот проект ќе биде готов за десетина дена, по што ќе се прави проценка за сумата што ќе биде неопходна за планираната „барокизација“ на ГТЦ. Врз основа на оваа анализа, ќе се определи моделот на финансирање со кој ќе се реализира реконструкцијата на трговскиот центар, а градежните работи би започнале наредната пролет. Како една од можностите е и воспоставување на јавно – приватно партнерство.

 

 

 

Со најновата изјава на Аго Абазовски се потврдуваат континуираните најави за промена на надворешниот изглед на овој маркантен објект во преферираните архитектонски стилови на „Скопје 2014“. Во согласност со победничкиот архитектонски труд, ГТЦ ќе добие нова барокна фасада, десетици антички столбови, доградба на третиот кат, но и тераса на горниот кат со бројни скулптури. Идејното решение, дело на авторите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов, беше претставено на јавноста кон крајот на мај минатата година. На ваквата замисла на раководството на трговскиот центар, реагираа Асоцијацијата на архитекти на Македонија и бројни граѓански организации.