Претходна статија
Општина Аеродром останува најатрактивна за градење станови
Следна статија
Во Ресен ќе се произведува органско ѓубриво - компост

Продадени 7 хектари за изградба на трговски центар во близина на скопскиот аеродром

Објавено на 26.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Урбанистички план за Мултифункционалната зона ЌојлијаОпштина Петровец ја продаде градежната парцела за изградба на голем трговски центар во непосредна близина на скопскиот аеродром „Александар Велики“. На денешното електронско јавно наддавање беше отуѓена локацијата со површина од 70.661 метри квадратни, по цена од 450 денари за метар квадратен. Како составен дел од мултифункционалната зона „Ќојлија“, на земјиштето е предвидена голема трговска единица со домување во станбени згради како компатибилна класа на намена. Објектот може да има приземје и два ката со максимална површина од 74.194 метри квадратни. Името на инвеститорот засега не се соопштува, бидејќи истиот допрва треба да ги уплати потребните 31.797.450 денари (околу 520 илјади евра) и да го потпише купопродажниот договор со Општината.

 

Покрај оваа голема парцела во зоната „Ќојлија“, локалната самоуправа од Петровец денеска успеа да продаде уште шест други наменети за изградба на објекти од областа на лесната и незагадувачка индустрија во месноста Долно Коњаре. Се работи за вкупно 20.363 метри квадратни, продадени по 71 денар за метар квадратен, односно со едно наддавање над почетната цена. Како и во случајот со трговскиот центар, имињата на инвеститорите ќе бидат соопштени по официјалното потпишување на купопродажните договори.