Претходна статија
Наскоро обнова на 10 железнички станици
Следна статија
Отворена катната гаража кај „Работнички дом“

И Радовиш ќе добие слободна економска зона

Објавено на 01.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

ТИРЗ РадовишНа површина од околу 10 хектари во месноста „Долна Рудина“ покрај регионалниот пат Струмица – Радовиш, со доцнење од речиси една година, денеска започна да се гради новата радовишка Технолошко – индустриска развојна зона (ТИРЗ). Во зоната се зацртани пет парцели, од кои четири за производни капацитети и една за изградба на административна зграда, а во иднина постојат можности за нејзино проширување. Во подготовката на теренот и изградбата на инфраструктурата во ТИРЗ Радовиш, државата ќе вложи 11 милиони евра. Изведувач на проектот е струмичката градежна фирма „Жикол“, според проектната документација изработена од „Прима инженеринг“, а надзорот ќе го врши „ЗИМ“ (Завод за испитување на материјали и развој на нови техологии – АД Скопје).

 

„Од вкупно основаните 13 зони во државата во моментот Скопје 1, Скопје 2 и Штип се инфраструктурно и оперативно подготвени како локации и таму се стремиме да ги задоволиме барањата на инвеститорите. Во овие зони се сместени преработувачките капацитети на Џонсон мети, Џонсон контролс, Кемет електорникс, Технохозе…, а до крајот на летото и почетокот на есента ќе се започне со изградба на капацитетите како Диатек енергија, Техникал текстил и Монтанте“, рече денеска првиот човек на Дирекцијата за технолошко – индустриски развојни зони, Виктор Мизо. Во 2012 година во зоните работеле 1.270 лица, минатата година е завршена со 2.500 вработени, а оваа година се очекува бројката да достигне над 3.500).

 

 

» Форумска дискусија за ТИРЗ Радовиш