Претходна статија
Нови игри околу туристичкиот комплекс во Љубаништа
Следна статија
Сцените на Антички театар и на Долни Сарај блеснаа во нов сјај

ФОТО ВЕСТ: Финишира изведбата на новите музеи на Скопското кале

Објавено на 12.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Иако со задоцнување од неколку месеци, сепак привршува изградбата на новите три музеи на Скопското кале. Екипите на градежните компании „Синтек“ од Скопје и „МЗТ Инженеринг“ од Битола забрзано работат на Музеите на праисторискиот, средновековниот и отоманскиот период. Речиси целосно изградено е стаклениот објект на Музејот на праисторискиот период, кој е подигнат на темелите од дарданско – пајонска куќа. Во изминативе неколку денови со полно темпо се градат надворешните ѕидови на идниот Музеј на средновековниот период, кој се гради врз остатоците на некогашната црква на Скопското кале. Според моменталното темпо на работа, ова здание би било последно завршено.

 

###

###

 

 

Во напредна фаза од изградбата е и Музејот на отоманскиот период и квадратната кула број 3. Работниците на скопски „Синтек“ го поставуваат традиционалниот покрив на идното културно здание, а градежни работи се одвиваат и во неговата внатрешност. Според податоците од веб – страницата на Бирото за јавни набавки, во трите музеи на калето досега се вложени над 1,1 милиони евра. Очекувањата се дека изведбата на овие објекти ќе се комплетира во текот на оваа година.

 

Врз основа на замислата на Управата за заштита на културното наследство, во музеите ќе бидат изложени вредни артефакти пронајдени за време на археолошките истражувања на Скопското кале. Ова парче од стариот дел на главниот град ќе прерасне во примамливо место за посетителите, за кои се предвидени и продавници за сувенири, едукативни центри и простор за работилници во склоп на комплексот.