Претходна статија
Уште две станбени згради ќе добијат термички фасади во Центар
Следна статија
Од недела стартува летниот ред на летање на македонските аеродроми

Пет компании заинтересирани да го градат плоштадот „ВМРО“

Објавено на 25.03.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ и просторот пред објектот што треба да прерасне во плоштадСкопската локална власт денеска ги отвори петте доставени понуди за изградба на плоштадот „ВМРО“, кој ќе биде лоциран пред новото седиште на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ кое се гради во центарот на Скопје [»мапа]. Според информациите што ги објави телевизијата „Телма“, штипската компанија „Бетон“ за реализација на овој проект доставила најевтина понуда во висина од 1.690.000 евра, а веднаш по неа следува понудата на „Бауер БГ“ од Скопје, која за изведба на плоштадот со површина од 681 метри квадратни побарала 1,7 милиони евра. Кавадаречки „Урбан Инвест“ поднесе понуда во висина од 1,8 милиони евра, додека скопски „Бетон“, фирмата која во моментов го гради и седиштето на владејачката партија, понудила цена од 1.870.000 евра.

 

„Трансмет“ со својата понуда од 1.890 илјади евра барем засега бара најмногу пари од градската управа за да го изведе јавниот простор, за кој сè уште не се знае дали ќе добие градежна дозвола од Општина Центар. Понудените суми од градежниците се повисоки од првично проценетата вредност на проектот од над 1,4 милиони евра, но од Градот Скопје се надеваат дека со електронската аукција, како следна фаза од тендерската постапка, ќе се намали и сумата за реализација на зафатот. Во меѓувреме, „Факом“ работи на подготовка на основниот проект за плоштадот „ВМРО“, кој во иднина на главниот град ќе му донесе уште една фонтана и спомен – обележје карактеристични за проектот „Скопје 2014“.