Претходна статија
Штип бара кредит од 2 милиони евра за паркинг платформи на Отиња
Следна статија
Скопје ќе добие Marriott Hotel

Турска компанија ќе гради висококатници во општина Аеродром

Објавено на 14.05.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Извадок од ДУП Индустриска зона – урбана единица ВВо вториот обид, државата успеа да најде купувач за земјиштето на Булевар Србија во близина на бензинската пумпа на Макоил наменето за изградба на висококатни објекти. За најповолен понудувач на јавното наддавање е избрана „Турк Мак Иншаат Санаји Ве Тиџарет ЛТД“, фирма на турскиот холдинг Џеваир (Cevahir Holding A.Ş.), која за локацијата со површина од 21.150 метри квадратни понуди вкупно 99.405.000 денари. Предметната градежна парцела согласно планската документација предвидува изградба на објекти со максимална висина од 500 метри, со основна класа на намена домување во станбени згради и со можност за компатибилни класи на намена: мали комерцијални и деловни намени, големи трговски единици, деловни простории, култура, деловни институции,  верски институции, спорт и рекреација. Површината за градење е 14.873  метри квадратни, бруто развиената површина е 295.000 метри квадратни, процентот на изграденост изнесува 70%,  додека коефициент на искористеност 13,88. Според условите во огласот, се бара да се изградат најмалку три згради, секоја од нив со најмалку 33 спрата.


Турската компанија е должна да ги уплати средствата во рок од 15 дена од приемот на писменото известување, да обезбеди одобрение за градба во рок од 9 месеци од солемнизацијата на договорот и да го изгради објектот во рок од 6 години од прибавеното одобрение. Доколку објектот не биде изграден  во определниот рок, инвеститорот ќе плаќа договорна казна во висина на 2% од купопродажната цена на земјиштето за секој изминат месец, но најмногу 2 години од истекот на рокот, по што доколку и во тој период не го изгради објектот, договорот ќе се раскине и земјиштето ќе се врати во сопственост на Република Македонија.