Претходна статија
Во струмичкиот регион ќе се гради нов систем за наводнување
Следна статија
Уште две станбени згради ќе добијат термички фасади во Центар

МЕПСО ќе го претвори Вевчани во зимски туристички центар

Објавено на 24.03.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Француската „МДП Консалтинг“ од Гренобл е ангажирана од државната компанија МЕПСО за изработка на физибилити студија и мастер план за развој и изградба на скијачки центар над селото Вевчани, на падините на Јабланица. За две години ќе биде подготвена целокупната документација за овој проект што треба да се реализира по пат на јавно – приватно партнерство. Првичните замисли на локалната самоуправа од Вевчани се комплексот да се гради кај месноста Јанков Камен, при што во негови рамки би се подигнале хотели, викенд населба, патеки за скијање и скијачки лифт во должина од 3,5 километри. Од МЕПСО за консултантските услуги се издвоени околу 180 илјади евра.

 

* Покрај селскиот туризам, Вевчани се стреми да постани зимско-рекреативен центар

 

 

Вевчани во текот на изминативе години е позитивен пример за развојот на руралниот туризам во земјава. Покрај чистиот воздух и недопрената природа, ова населено место е познато и по впечатливата архитектура на бројните објекти градени во минатото. Од географски аспект, планината Јабланица е една од локациите во Македонија со највисоко ниво на врнежи во текот на годината, кои во зимските месеци овозможуваат акумулирање на големи количества снег, кој може да се користи за скијање и во текот на пролетта.