Претходна статија
Комплетирана е првата фаза од реконструкцијата на патот Велес - Кадрифаково
Следна статија
Општина Битола ја гради инфраструктурата за населбата „Златен рид“

„Бауер БГ“ ќе гради барок на „Бихаќка“

Објавено на 27.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Изградбата на новиот административен објект на местото на некогашниот Геолошки завод во центарот на Скопје [»мапа] ќе чини 431.408.000 денари или околу 7 милиони евра. Службата за општи и заеднички работи на Владата ја одбрала понудата на градежната компанија „Бауер БГ“ меѓу петте доставени понуди на тендерот за изведба на градежните и градежно – занаетчиските работи. Во планираниот административен, деловен и комерцијален простор со површина од 8.027 метри квадратни ќе се сместат Државниот завод за ревизија, Геолошкиот завод и Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Новата зграда треба да биде завршена во рок од 24 месеци.

 


* Геолошки завод

 

 

Објектот ќе се состои од приземје и шест ката и ќе биде висок 25 метри. Стручниот надзор над градежните активности ќе го реализира фирмата „Евро Консалтинг“ од Скопје, која ќе добие 4.134.720 денари за извршената работа. Идејниот и основниот ревидиран проект за оваа барокна зграда го подготви бирото „Архитектоника“ од Скопје, според идејното решение на Жарко Чаушевски.