Претходна статија
ТЕМА: Продажба на новите станови веднаш или намалување на градежната активност
Следна статија
Старото кино во Кисела Вода ќе прерасне во мултимедијален центар

Новини во проектот „Купи куќа, купи стан“

Објавено на 13.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Владата внесува нови услови во проектот „Купи куќа, купи стан“. Министерот за финансии Зоран Ставрески денеска ги образложи трите позначајни предвидени законски измени со кои треба да им се овозможат нови погодности на граѓаните во делот на субвенционирањето на станбени кредити. „Досега, било да се работи за поединец, било за семејство, вкупниот месечен приход беше 900 евра, сега за брачна заедница вкупниот приход е 1.300 евра при што за поединец останува приходот од 900 евра. Притоа, под приходот се подразбира само приходот од плата, а не од дополнителни надоместоци“, истакна министерот Ставрески.

 

Со втората измена се овозможува за субвенциониран станбен кредит да аплицираат лица кои наследиле половина или помалку од половина од конкретен имот, без притоа да треба истите да го продаваат својот дел. Со третата понудена поволност, граѓаните ќе можат да извршат замена на постоечкиот стан или куќа со поголемо живеалиште, за кое би аплицирале во рамките на проектот „Купи куќа, купи стан“. Од државниот буџет за овој проект веќе се одвоени 1,5 милиони евра, со кои се покриени доделените 243 барања на граѓани за добивање субвенција при купување на стан, изградба на куќа или надградба на куќа.

 

Апликациите за владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ се поднесуваат до некоја од следниве осум деловни банки: НЛБ Тутунска, Стопанска банка – Скопје, Стопанска банка – Битола, Шпаркасе, Охридска, Прокредит, ТТК и Алфа банка.