На друштвото за производство, трговија и градежништво „Декон – Ком ДООЕЛ увоз извоз“ од Скопје ќе му бидат исплатени 58.758.100 денари (околу 955 илјади евра) за изведба на градежно – занаетчиски работи за адаптација на дел од содржините на објектот на Владата на Република Македонија. Договорот со владината Служба за општи и заеднички работи бил склучен на 30 декември, а известувањето на сајтот на Бирото за јавни набавки беше објавено денеска. Во известувањето не се наведени попрецизни информации околу тоа за каков градежен зафат се работи.
„Декон – Ком“ има на располагање три месеци за реализација на договорот, што делумно кореспондира со најавениот рок до кога треба да биде завршена и новата неокласична фасада на Владата (април 2014), за која беа предвидени 9,3 милиони евра.
» Форумска дискусија за овој проект