Претходна статија
Сплетки со отуѓувањето на парцелата за објектот со шпански скали на плоштадот „Македонија“
Следна статија
Руини го запоседнаа Градскиот парк во Скопје

Новата фабрика на „Кромберг и Шуберт“ ќе отвори работа за 2.500 лица

Објавено на 18.10.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во индустриската зона „Жабени“ близу Битола денеска почна со работа новата фабрика на германската компанија од автомобилската индустрија „Кромберг и Шуберт“ (Kromberg & Schubert). Премиерот Никола Груевски и битолскиот градоначалник Владимир Талески ја пресекоа лентата на индустрискиот погон во кој се вложени 20 милиони евра. Објектот со корисна површина од 22.500 метри квадратни се состои од четири производствени единици: кабли, мрежи, пластична технологија и мехатроника, а пласманот на производите е обезбеден за најголемите европски производители на автомобили.

 

#За реализација на индустрискиот објект, германската компанија најпрво купи 10 парцели со површина од околу седум хектари. Општина Битола целосно ја изгради неопходната инфраструктура, во соработка со македонската влада, која инвестираше во изградба на голема трафостаница и 4,5 километри далновод. Како резултата на успешно завршениот проект, се очекува до крајот на 2015 година во фабриката да се отворат над 2.500 нови работни места. Во објектот веќе почнаа да се произведуваат делови за светски познатите автомобилски брендови, како што се БМВ и „Мини Морис“.

 

Изградбата на индустрискиот погон на „Кромберг и Шуберт“ започна на почетокот од јули 2012 година. Градежните активности на објектот ги изведе компанијата „Пера Констракшн“.