Претходна статија
Холандски „ВПТЕКС“ отвори фабрика во Кадино
Следна статија
4,1 милиони евра за рехабилитација на патиштата во североисточниот и полошкиот регион

„Голден Арт“ гради станбена зграда со 117 станови во општина Аеродром

Објавено на 16.10.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната компанија „Голден Арт“ денеска го постави камен – темелникот на новиот станбено – деловен објект „Golden Art“ во општина Аеродром, во кој се јавува како инвеститор и изведувач. Зданието со приземје, осум ката и поткровје ќе никне на местото на некогашните бараки во населбата Стар Аеродром, непосредно до „Тобако 2“ [»мапа].

 

 

###

 

 

Според информациите што ги добивме од „Голден Арт“, станбената зграда ќе има 117 станови со површина од 33 до 80 метри квадратни, како и деловни простории со површина од по 100 метри квадратни. Паркирањето ќе биде решено со сопствена подземна гаража со четири полунивоа, а ќе има и дополнителен надземен паркинг.

 

 

###

 

 

Од „Голден Арт“ најавуваат дека становите ќе бидат вселиви во рок од 12 до 15 месеци. Објектот ќе ги задоволи неодамна пропишаните мерки за енергетска ефикасност од Министерството за економија, при што ќе биде сместен во класа-А, односно објекти со минимална потрошувачка на енергија.

 

Од нејзиното основање во 2005 година до денес, компанијата како изведувач има учествувано во изградбата на преку 40 објекти во земјава и во странство.