Претходна статија
Уште една шанса за реализација на новиот Луна парк
Следна статија
Отворен деловно - трговски центар во новата станбена населба Лисиче

Дополнителни 800 илјади евра за довршување на зградата на собранието

Објавено на 11.09.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Градежната компанија „Бетон“ од Скопје ќе добие уште 49.068.067 денари или околу 800 илјади евра за целосно да ја доврши реконструкцијата и надградбата на зградата на републичкото Собрание. Пред еден месец е склучен нов договор, со кој се предвидени дополнителни работи при изведување на доградбата, надградбата, адаптацијата и зајакнувањето на објектот кој е седиште на парламентарната власт во земјава. Целокупните активности треба да се завршат во претстојните недели, со што би се испочитувал актуелниот рок – ноември 2013 година, период за кога е планирано заокружувањето на реконструктивниот зафат што трае повеќе од две и пол години.

 

Најголем дел од градежните работи на зданието се веќе завршени, а причина за неколкумесечното продолжување на рокот за изведба се серија на изведбени задачи што се појавија како непланирани, но и задолжителни за завршување пред неговото пуштање во употреба. Проектот за доградба и надградба на Собранието, адаптација и зајакнување на конструктивниот систем и обновување на фасадата започна да се реализира во 2010 година, при што првичната проценка беше дека за него ќе се потрошат 10,5 милиони евра. Собраниската зграда со зафатот ќе добие нови куполи, за чие проектирање, изведба и монтажа беше задолжена фирмата „Факом“ од Скопје.