Завршија санационите и конзервациони активности за заштита на јужните ѕидни платна на летната сцена Долни Сарај во Охрид. Со реконструкцијата на оштетените бедеми е комплетирана првата фаза од проектот, со што е надмината опасноста од уривање на ова туристичко обележје во стариот дел од градот. Во текот на 2014 година ќе се продолжи со довршување на започнатиот зафат преку целосна санација на скалите и фугирање на внатрешниот скалишен простор, со кој локалитетот се поврзува со езерскиот брег. Наредната година ќе се осветлат скалите и ќе се изведе мост, кој ќе го поврзе брегот со времената пешачка патека кон населбата Канео.
Активностите се реализираа под раководство на Н.У. Завод и музеј – Охрид, додека финансиските средства за првата фаза од проектот ги обезбеди Министерството за култура. Санацијата на јужните ѕидини започна во текот на мај годинава. Покрај тоа што е идеална локација за одржување на музички свечености, Долни Сарај има извонредно историско значење за Охрид. Џеладин бег на ова место во XIX век изградил сарај со поглед на Охридското езеро.