Трите фонтани на плоштадот „Пресвета Богородица“, во чија средина на столбови обложени со мермерни релјефи се поставени скулптури на Пресвета Богородица, на свети Никола и на свети Петар и Павле, денеска беа ставени во функција. Новиот плоштад во главниот град чини 4,2 милиони евра и го гради градежната компанија ДГ „Бетон“ АД Скопје.