Претходна статија
Гасоводни приклучоци за домаќинствата во Куманово
Следна статија
Заврши реконструкцијата на „Србиновски мост“

Турски „Кенткард“ ќе го реализира новиот систем за наплата во јавниот превоз во Скопје

Објавено на 09.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#По неколкугодишни ветувања, јавниот превоз во главниот град ќе добие електронски систем за наплата. ЈСП – Скопје преку оглас ја избра турската компанија „Кенткард“ за поставување на новиот систем за наплата со смарт билети во сопствените и во приватните автобуси, кои ќе ги заменат постоечките хартиени билети. Новите електронски картички граѓаните ќе ги купуваат на специјални пунктови и ќе може постојано да ги надополнуваат. За таа цел ќе се постават и три автомати за издавање картички. Проектот предвидува инсталирање на валидатори во сите автобуси од јавниот превоз во Скопје, уреди кои со доближување на картичката ќе ја одземаат потребната сума за наплата на возењето.

 

„Кенткард“ ќе инсталира и 40 информативни дисплеи на автобуските постојки, преку кои патниците ќе можат да се информираат за пристигнувањето на автобусите. Истовремено, во сите автобуси ќе се постават ГПС уреди за следење на нивното движење. Овој проект започна со поставување на 10 дисплеи на постојките на кои сообраќаат линиите со број 2 и 5 уште во 2010 година преку проектот „Ренесанса“, но до денес не се спроведе целосно во реалноста. Турската компанија ќе треба да го реализира проектот во период од девет месеци. Договорот со нив ќе се потпише по истекувањето на рокот за жалби од останатите учесници на тендерот. Покрај „Кенткард“, свои понуди на тендерот доставија и „Т-Мобиле“, чешката „Микроелектроника“ и норвешката компанија „Бро-ог тунел-селскапет“.