Претходна статија
ХЕ „Бошков мост“ ќе почне да се гради на крајот од годинава или на почетокот од 2014 година
Следна статија
Интересот за изградба на нови станови не се намалува

Започна поставувањето на новите автобуски постојки во Скопје

Објавено на 10.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска ги промовираше новите автобуски постојки што ќе се постават во главниот град. До крајот на јуни треба да се изведат првите 50 постојки, додека останатите ќе се монтираат во етапи до почетокот на 2014 година. Градската власт во овој проект инвестираше 66 милиони денари, при што истите ќе се исплатуваат во три фискални години на компанијата „Турбоинженеринг“ од Скопје, која беше избрана како најповолен понудувач за остварување на проектот. Новите автобуски стојалишта се класифицирани во две групи: тип „А“, од кои ќе се постават 178 постојки со димензии во должина од 4,2 метри и во ширина од 1,4 метри и тип „А дупла“, од кои ќе се постават 48 постојки со димензии во должина од 8,4 метри и во ширина од 1,4 метри.

 

извор: Град Скопјеизвор: Град Скопјеизвор: Град Скопје

 

 

Автобуските стојалишта се состојат од настрешница, застаклени површини, информативна табла со име на постојката, мапа на градот, возен ред на линиите кои минуваат на таа постојка, клупа за седење и канта за отпадоци. Постојките се изработени од галванизиран нерѓосувачки челик, покриени се со лексан, застаклени се со калено стакло со дебелина од 10 милиметри, а за дизајнот на информативната табла беше распишан јавен конкурс од ЈСП – Скопје. Остварувањето на овој проект во реалноста доаѓа по неколкугодишни неуспешни обиди за негова реализација по пат на јавно – приватно партнерство.

 

 

» Форумска дискусија за автобуските постојки