Претходна статија
Катастарот ќе врши проценка на вредноста на недвижностите
Следна статија
Хотели и викенд - куќи ќе се градат во СРЦ Пониква

Ќе се санираат ѕидните платна на Долни Сарај во Охрид

Објавено на 07.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#По повеќегодишното укажување за опасноста од уривање на летната сцена Долни Сарај, Н.У. Завод и музеј – Охрид денеска објави оглас за санација и конзервација на јужните ѕидни платна на сцената. Проектот ќе се реализира етапно, при што во првата фаза ќе се интервенира во најкритичниот дел од карпите, од кои во изминатиов период во неколку наврати се одронија камени блокови. Со санационите активности треба да се надмине можноста од уривање на препознатливата летна сцена врз Мостот на желбите, но и да се надмине опасноста за индивидуалните куќи кои се наоѓаат во овој дел од стариот град. Компаниите кои се заинтересирани да го реализираат зафатот ќе треба да ги достават своите понуди најдоцна до 17 мај. Според објавените информации, вредноста на проектот со кој би се заштитила една од најпознатите знаменитости на Охрид изнесува минимални три милиони денари.

 

Покрај туристичка вредност,  Долни Сарај има и важно историско значење за Охрид. Некогашниот владетел на градот Џеладин бег на ова место на почетокот од 19 век изградил сарај со поглед на Охридското езеро за својата жена, архитектонско дело кое го фасцинираше и еден од најголемите македонски архитекти, професорот Борис Чипан. Тој во книгата „Долни Сарај – епизода од историјата на Охрид со Џеладин бег“ предложи повторно да се изгради некогашниот маркантен објект.