Претходна статија
Оперативата на „Гранит“ ќе работи на патната инфраструктура
Следна статија
Македонска Каменица доби нов градски пазар

Главната пошта ќе се реконструира, раководството молчи за зафатот

Објавено на 08.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Шалтер – салата и дел од канцеларискиот простор на првиот кат од препознатливото здание „Пошта – 1“ во Скопје ќе се обноват во наредните месеци. Раководството на „Македонски пошти“ објави јавен повик за изработка на главен проект за адаптација на опожарениот деловен простор во објектот и за ревизија на проектот. Заинтересираните субјекти имаат рок до 15 април за да ги достават своите понуди. Во меѓувреме, од оваа компанија не даваат никакви информации за целокупниот градежен зафат. Во два наврати во изминативе неколку дена „Билд“ се обиде да добие одговори за финансиската конструкција на проектот и времетраењето на неговата реализација, но притоа наиде на молк од спротивната страна.

 

Според досега објавените информации во медиумите, планирана е радикална промена на внатрешноста на зданието. Огромниот шалтерски простор од фоајето на поштата со реконструкцијата ќе се пренамени и ќе добие нова функција, при што зацртано е да се дислоцира и уништениот мурал на бардот на македонското сликарство Борко Лазески. Катастрофалниот пожар во главната пошта во центарот на Скопје се случи на средината од јануари годинава, уништувајќи ја шалтер – салата и неколку канцеларии во кои е сместена дирекцијата на „Македонски пошти“.