Претходна статија
Зимата ги пролонгираше работите на булеварот Илинден
Следна статија
Се гради првата од четирите мали хидроелектрани на реката Бистрица

Излупените фасади долж булеварот „Илинден“ трета година по ред чекаат реконструкција

Објавено на 01.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Репрезентативната скопска архитектура од првата половина на 20 век очекува дека ќе ѝ се посвети внимание од страна на локалните власти. Градот Скопје пред речиси три години објави дека ќе ја финансира обновата на фасадите долж булеварот Илинден, на потегот од седиштето на македонската влада до фонтаната „Лотосов цвет“ во Градскиот парк, но засега не е почната реконструкцијата на ниту еден објект. Градбите кои се под заштита на државата како културно наследство, под налетот на времето и негрижата се со излупени фасади, исчкртани ѕидови и претставуваат потенцијална опасност за пешаците поради честите одрони. Станарите кои живеат во нив во неколку наврати излегоа во медиумите за да побараат интервенција од локалната самоуправа.

 

Нова најава за санација на надворешниот изглед и поставување на термо изолација на овие објекти денеска беше објавена од кандидатот за градоначалник на општина Центар Владимир Тодоровиќ. Според неговото ветување, иницијативата на Градот Скопје ќе се реализира од локалната власт на Центар, доколку тој победи на претстојните избори. Конкретни рокови за завршување на проектот не беа објавени. За разлика од зградите што се реконструираат на подрачјето околу плоштадот „Македонија“, за куќите покрај булеварот Илинден не е предвидено да се менуваат постоечките архитектонски стилови. Стручната јавност веќе посочи дека целокупниот процес треба да се одвива во соработка со надлежните конзерваторски центри, за да се зачува автентичната архитектонска визура на овие градби. Висината на финансиските средства за овој проект треба допрва да се утврди.

 

ПредПотоа

 

ПредПотоа