Претходна статија
Се бара идејно решение за уште една владина зграда на улицата „Македонија“
Следна статија
Намалена висината на планираните облакодери во центарот на Скопје

Новата фасада на Министерството за правда ќе чини 2,9 милиони евра

Објавено на 26.10.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Неокласичниот архитектонски стил во иднина ќе стане обележје и на административната зграда на Министерството за правда, лоцирана во строгиот центар на Скопје [»мапа]. Предвидено е да се санира единствено северната фасада што гледа кон улицата Димитрија Чуповски, но истовремено и да се изврши доградба на дел од просториите на министерството за да се задоволат потребите од канцеларии за вработените. Во конкуренција на четири понудувачи, италијанската компанија „Ламоне Мореда“ е избрана за изведувач на градежните активности за кои е предвидено да се одвојат 178.799.429 денари или околу 2,9 милиони евра. Стручниот надзор врз градежните работи ќе го врши „Градежен институт Македонија“, со кого е склучен договор во вредност од 2.807.151 денари.

 

Постојниот изглед на Министерството за ПравдаНовиот изглед на Министерството за Правда

 

 

Преферираниот стил со античките столбови карактеристични за проектот „Скопје 2014“ на објектот на министерството ќе бидат придружени со ликот на римската божица на правдата и праведноста Јустиција. Освен визуелизации во црно – бела боја, надлежните сеуште не го објавуваат основниот проект врз основа на кој ќе се работи новиот надворешен изглед на зданието. Најповолниот понудувач има рок од 10 месеци за да ги финишира изведбените работи. Покрај овој административен објект, Градот Скопје паралелно ја подготвува реконструкцијата и промената на фасадите на околните станбени објекти кои се сместени на улицата Димитрија Чуповски.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект