Претходна статија
Нови 275 паркинг места во центарот на Скопје
Следна статија
Ќе се изработува проект за нов пат од Охрид до Свети Наум, стариот останува да зјае со дупки

Општина Гевгелија ќе гради нов пазар, локацијата за автобуска станица повторно ќе оди на продажба

Објавено на 13.09.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната самоуправа на Гевгелија објави оглас за избор на компанија која ќе ја реализира првата фаза од изградбата на новото градско пазариште, на локација надвор од строгиот центар на градот. Според публикуваната документација, покриениот пазар ќе се простира на површина од 5.888 метри квадратни, а изведувачот на работите е задолжен да го комплетира заедно со пропратен паркинг простор, пристапни патеки и простор за контејнери за ѓубре. Во втората етапа е предвидено да се подигне голем супермаркет како составен сегмент на пазарот. Општинарите сметаат дека зафатот би можел да се оствари во временски период од две години, а како официјален почеток на активностите на терен се споменува ноември 2012 година. Новиот градски пазар е дел од проектот „Гевгелија 2013“, кој предвидува на местото на досегашниот пазар и старата автобуска станица да се изградат станбено – деловни објекти и подземен паркинг простор.

 

Во меѓувреме, Општина Гевгелија е приморана да подготви втор оглас за продажба на градежната парцела на која е замислено да се никне новата меѓуградската автобуска станица. На првото електронско јавно наддавање одржано на 3 септември не се јави заинтересиран инвеститор што би вложил во овој објект, кој е зацртано да се состои од приземје, два ката и поткровје, со максимална бруто развиена површина од 7.686 метри квадратни. Во согласност со ветувањата на локалните власти, Гевгелија во наредните две години треба да добие современа автобуска станица, градско пазариште, како и репрезентативен градски плоштад.