Претходна статија
Строгиот центар на Скопје ќе добие нови шеталишта за пешаците
Следна статија
Значителен пад во транспортот на патници и стоки, исклучок е авиосообраќајот

Велосипедистите порачаа: На Скопје под итно му требаат повеќе патеки за возење на велосипеди

Објавено на 30.05.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во изненадувачки голем број, скопјани денеска дадоа поддршка на првата „Критична маса“, настан кој претставува групно возење на велосипеди по улиците на еден град и се одржува секој последен петок во месецот во преку 300 градови во светот. Околу 1.000 велосипедисти им упатија пораки на градските и локалните власти од Скопје, повеќе да се инвестира во развојот на велосипедската инфраструктура и да се прошири веќе започнатиот проект „Изнајми велосипед“ со нови пунктови и точаци. Екипата на интернет – порталот „Билд“ запраша неколкумина учесници на настанот дали на Скопје му се потребни нови велосипедски патеки и колку се задоволни од досегашниот развиток на проектот „Изнајми велосипед“.

 

„Градоначалниците треба да изградат повеќе стази и да се грижат за велосипедистите. На центарот на Скопје под итно му се потребни нови патеки за велосипедистите. Треба да се мисли за улиците и булеварите, но не треба да се занемарат луѓето што возат точак. Сметам дека многу малку се вложува“, истакнува Ана Т., студентка од Скопје. Други граѓани пак констатираат дека на главниот град му се потребни повеќе пунктови за изнајмување на велосипеди, но и посеопфатна обнова на инфраструктурата за овој вид превоз во градот. „Во Скопје возам повеќе точак на улица, отколку на патека. На секој агол има паркирано автомобили каде не треба или пак на нив стојат пешаци“, ни изјави Маја К., правничка од Скопје.

 

„Критична маса“ мај 2012„Критична маса“ мај 2012„Критична маса“ мај 2012„Критична маса“ мај 2012

 

 

Првото групно возење на велосипеди започна пред Зоолошката градина, од каде граѓаните преку булеварите Рузвелтова, Партизански одреди, Даме Груев, Димитрија Чуповски, Вељко Влаховиќ, 11 – ти октомври, Кочо Рацин, Крсте Петков Мисирков, Гоце Делчев и Илинденска завршија пред бараките во кои се сместени градските власти, каде симболично ги кренаа во воздух своите велосипеди. Следното возење на точаци во група би требало да се одржи кон крајот на јуни. Во меѓународни рамки, првата „Критична маса“ се одржала во Сан Франциско во септември 1992 година и на неа учествувале 48 велосипедисти. Во различни градови во светот постојат различни причини за одржување на настанот, најважното е дека се работи за масовно возење на овој вид превозни средства на две тркала каде нема раководство, организација или главен помеѓу граѓаните.