Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: „Златни“ коњи во паркот „Жена борец“
Следна статија
Оградата на мостот кај Холидеј Ин ќе „голтне“ над милион евра

Општина Центар ќе финансира реконструкција на фасадите на станбени згради

Објавено на 08.05.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Заедниците на станари на зградите на територијата на општина Центар ќе можат да аплицираат за новиот проект на локалните власти за реконструкција на старите фасади, доколку се работи за објекти постари од 15 години, без притоа да се вршат градежни активности во текот на аплицирањето, но и ако барем 70% од станарите се согласат да ги променат балконските врати и прозорци. Новите фасадни системи ќе заштедуваат топлинска енергија во домовите на граѓаните, а вкупно предвидената инвестиција на општината изнесува 30 милиони денари. Според направените калкулации, со проектот ќе се санираат од пет до десет поголеми станбени објекти во централното градско подрачје на Скопје.

 

Во текот на изведувањето на термичките фасади, на објектите ќе се извршат енергетски контроли за да се утврди нивната енергетска ефикасност. Граѓаните ќе можат да аплицираат за кредити за промена на вратите и прозорците преку невладината органиција „Хабитат“, која веќе спроведе идентични активности на неколку згради во општина Карпош преку соработка со тамошните власти. Заедниците на станари ќе треба да ги достават своите пријави во рок од 60 дена од објавувањето на повикот во јавните гласила. Со проектот не е планирано да се менува досегашната физиономија на фасадите, така што истите ќе го задржат надворешниот изглед освежен со нови бои.