Претходна статија
Асфалт мастикс
Следна статија
Ставен потпис за пет мали хидроелектрани

На парцели во Лисиче им се посреќи од „втора“

Објавено на 15.01.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Извадок од ДУПОд Министерството за транспорт и врски известија дека средствата за 13 градежни парцели во Лисиче кои беа предмет на јавно наддавање на 31.12.2009 се уплатени во предвидениот рок од 15 дена. Земјиштето се наоѓа покрај бул. Февруарски Поход, во близина на новиот терминал за автобусите 5 и 15. „Диас контракшн“ и „Настел“ купија по три парцели, по две купија „Адора Инженеринг, „Новa градба, Владимир и други“ и „Алфа Импорт“ , а „Глиц“ купи една парцела.


Од продажбата е остварен вкупен прилив од над 148 милиони денари, односно речиси 2,5 милиони евра. По склучувањето на договорите за отуѓување на градежното земјиште, најповолните понудувачи се обврзуваат дека во рок од шест месеци ќе обезбедат одобренија за градба и дека објектите ќе ги изградат во рок од две години од прибавените одобренија. Доколку објектите не се изградат во определниот рок, договорите ќе се раскинат.


Првиот обид за продажба на истото земјиште беше неуспешен. Тогаш се нудеа 14 парцели во блок, но немаше заинтересирани. Во вториот обид беа засебно понудени две од овие парцели, но и тогаш едната остана непродадена. Сопственик на другата стана „Настел“.