Општина Карпош во претстојниот период ќе отпочне со реализација на два нови плоштада во населбата Влае и во населбата Тафталиџе кај Млечен ресторан. Првиот ќе се гради на слободната зелена површина меѓу трите краци на Влае 1, Влае 2 и Порта Влае со големина од 6.500 метри квадратни, а идејното решение предвидува да се изведат две партерни кружници сплотени една во друга, кои ќе бидат изработени од гранитни плочки. Идејата е целокупниот простор хортикултурно да се уреди и да се збогати со урбана опрема, како што се светилки, клупи, кошници за отпад и пепелници. Двете зацртани платоа ќе служат за организирање на културно – забавни манифестации.
Плоштад Влае:
Покрај изградба на нов, предвидена е и реконструкција на постоечкиот девастиран плоштад во населбата Тафталиџе кај Млечниот ресторан. Проектот предвидува комплетно реновирање на постоечкото бетонско плато со површина од 5.000 метри квадратни, поставување нова хидроизолација и гранитни плочки. Просторот ќе биде збогатен со ново осветлување и урбана опрема, а ќе се заменат и постојните детски и спортски игралишта со нови. Автори на проектите за двата нови плоштада се архитектите Игор Василевски и Вангел Караиванов.
Плоштад Тафталиџе: