Претходна статија
Ќе се бара концесионер за трамвај во главниот град
Следна статија
Турски „Лимак“ купи уште една парцела кај старата железничка станица

Луна паркот ќе се проширува на 40.000 метри квадратни, понудите ќе се прибираат до 30 март

Објавено на 24.02.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје по втор пат го продолжи крајниот рок за доставување на најповолни понуди за избор на концесионер за изградба, управување и одржување на Луна паркот, истовремено проширувајќи ја неговата вкупна површина на околу 40.000 метри квадратни, наспроти првично предвидените 25.327 метри квадратни. Со најновите измени е планирано проширувањето да се направи во насока на каналите и езерцето во Градскиот парк, но притоа не е зацртано да се издигаат нови градби, туку дополнителниот простор партерно да се уреди. Проценетата вредност на концесискиот проект изнесува 12 милиони евра, а одговорните од локалната самоуправа објаснуваат дека крајниот рок е продолжен до 30 март по барање на компаниите за да ги комплетираат потребните документи.

 

Ако се избере најповолен понудувач на јавната објава, тогаш веќе во текот на август може да се потпише договор за реализација на забавниот парк, а кон крајот на 2012 година да отпочне монтирањето на предложените реквизити. Постоечките летни дискотеки во рамките на Луна паркот е предвидено да се дислоцираат, но сеуште не е утврдено каде ќе се сместат. Градските власти во текот на ноември минатата година го објавија тендерот за избор на приватен партнер кој ќе го поднови дотраениот објект. Крајниот рок за доставување на понудите првично беше 26 декември, но истиот подоцна се продолжи до 29 февруари, а од пред неколку дена рокот е пролонгиран до 30 март.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект