Првото идејно решение за реконструкција на постојната фасада на објектот на Владата на Р.М. победи на организираната интернет анкета. Неоклаличната фасада доби 9.122 гласови односно 32% од граѓаните кои се одлучија да учествуваат во анкетата, а второто модернистичко решение го поддржија 7.014 корисници на интернет или 25% од вкупниот број. Третиот предлог со илуминации доби 5.853 гласови односно 20%, додека петтата солуција беше одбрана како најдобра од 4.296 граѓани што претставува 15% од лицата кои учествувале во анкетата. Најмалку гласови (1.538 или 5%) доби четвртото решение, а за опцијата „не знам/нема“ се одлучиле 729 граѓани односно 3% од целокупниот број.
Во денешното владино соопштение се наведува дека мислењата и перцепциите на граѓаните искажани преку интернет анкетата ќе бидат земени предвид при определувањето на следните постапки во врска со овој проект. Гласањето преку интернет страницата на македонската влада започна на 12 јануари, а оваа можност во изминативе 15 дена ја искористија вкупно 28.552 граѓани. За проектот за обновување, репарација и санација на прозорците и фасадата на владината зграда беше објавен оглас од страна на Службата за општи и заеднички работи. Анкетата е спроведена пред донесувањето на конечната одлука од стручната комисија.
» Форумска дискусија за овој проект
Конкурсно решение бр.1
Конкурсно решение бр.2
Конкурсно решение бр.3
Конкурсно решение бр.4
Конкурсно решение бр.5
Бојан Блажевски