Македонија ја доби втората биогасна електрана на својата територија. ЗК „Пелагонија“ преку својата фирма „Пелагонија Енерџи“ од Битола инвестираше околу 20 милиони евра во реализација на биогасна електрана и современа фарма во пелагонискиот регион. Инсталираниот капацитет на новиот енергетски објект изнесува 3 мегавати и во него ќе се преработува арското ѓубриво и заедно со фуражната пченка ќе се добива биогас. Електраната ќе произведува зелена енергија од обновливи извори, кои истовремено ќе значат и преработка на органскиот отпад од новоизградената фарма во склоп на ЗК „Пелагонија“.
Целокупната проектна документација, технологијата и опремата се набавени од италијанската фирма „Рота Гвидо“, додека од „Џенерал електрикс“е купена опремата за производство на електрична енергија. Од ЗК „Пелагонија“ во наредниот период планираат да инвестираат дополнителни 20,5 милиони евра во уште една биогасна електрана кај селото Породин. Во плановите на оваа компанија е впишан и проектот за изградба на стакленици на две централи на површина од 10 хектари.