Претходна статија
Дел од Студенчишко блато ќе се ревитализира и ќе се заштити
Следна статија
Пристигнува и „барокна“ ограда за седиштето на македонската влада

Зјаат дупки на асфалтот на булевар Јане Сандански

Објавено на 17.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Дупки, крпен коловоз и нервозни возачи е секојдневната слика за булеварот Јане Сандански во скопската општина Аеродром. И покрај тоа што претставува една од најпрометните сообраќајници во главниот град, таа и понатаму останува горлив проблем за возачите од овој дел на Скопје. Градот Скопје пред неколку години вети целосна реконструкција на оштетениот асфалт на сообраќајницата, но засега е реализиран единствено мал дел од ветеното. Градските власти за „Билд“ признаваат дека овој булевар не е саниран веќе неколку децении наназад, но најавуваат дека наскоро ќе започнат со реконструктивен зафат.

 

#„Во претходните години, Градот Скопје реконструираше дел од овој булевар, на потег од крстосницата со булевар Србија до објектот на Мекдоналдс, од двете страни, со вкупна должина од 700 метри. Оштетениот дел од асфалтот беше во целост изгребан, подлогата засилена и нанесен е нов слој на асфалт. На одредени делници беа санирани и тротоарите. За овој проект, Град Скопје издвои 30 милиони денари“, велат од Одделението за односи со јавност при Град Скопје. Градските власти најавуваат дека реконструкцијата на булеварот Јане Сандански ќе продолжи годинава. Санацијата на коловозот ќе се одвива на потегот кон Новата железничка станица, и тоа во фази, во согласност со изработката на проектите и приоритетните можности. Не се наведува конкретен временски рок за завршување на овој зафат, но од Градот Скопје потенцираат дека за тоа јавноста ќе биде благовремено информирана.

 

 

Бојан Блажевски