Претходна статија
Доделени наградите за идејно решение за градскиот плоштад во Кочани
Следна статија
Градежниот сектор апстинира од изградбата на нови станови

Живнува активноста на македонските градежници на странските пазари

Објавено на 09.08.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Првата половина од годинава е бериќетна за македонскиот градежен сектор, кога станува збор за неговата активност на странските пазари. Државниот завод за статистика констатира значаен пораст на вредноста на договорените и извршените градежни работи во странство. Вкупната вредност на договорените изведбени активности во странство изнесува 4.951.425.000 денари, што претставува пораст од 18 пати во однос на истиот период од минатата година, кога била договорена реализација на проекти во износ од 270.343.000 денари. Главната причина за ваквата експанзија на компаниите е силниот пробив на босанскиот пазар, каде што се склучени договори со најголема вредност.

 

 

 

Во првите шест месеци од 2013 година е забележан зголемен обем на извршените градежни активности во Италија и Германија, додека на другите пазари е забележан пад на изведените проекти. Како нови пазари за домашните градежни компании се јавуваат Индија, Швајцарија, Бугарија, Либија, Босна и Херцеговина и Словенија.