Претходна статија
Скопските средни училишта „Цветан Димов“ и „Марија Кири Склодовска“ со нови енергетски ефикасни фасади
Следна статија
Македонија со „Ослободување на просторот“ ќе патува на Венециското биенале на архитектура

Жителите од Карпош на протест против пролонгирањето на одлуките за спорните ДУП-ови

Објавено на 30.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Жителите од скопската општина Карпош бараат од Уставниот суд на Република Македонија веднаш да донесе одлуки за оспорените четири урбанистички планови, усвоени од претходното општинско раководство. Активистите од граѓанската иницијатива „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“ во петок, 4 мај, ќе организираат протест пред зградата на Уставниот суд, на која ќе побараат од судиите да се стават на дневен ред четирите оспорени ДУП – ови во Карпош. Граѓаните објаснуваат дека предметите се доставени на одлучување во Уставниот суд во септември и октомври 2017 година, а во меѓувреме, инвеститорите интензивно ги градат објектите од новите маркички впишани во овие ДУП – ови.

 

 

Активистите се револтирани поради односот на уставните судии. Тие бараат веќе на следната седница на Уставниот суд да се најдат на дневен ред спорните ДУП – ови. Социјалните мрежи се преполни со коментари дека некои од објектите во градба забрзано се издигнуваат, достигнувајќи неколку катови во висина во моментите пред самиот Уставен суд да одлучи околу судбината на урбанистичките планови. Граѓаните иницираа и онлајн петиција, на која секој заинтересиран поединец може да се потпише. Во изминативе денови на оваа петиција се потпишаа над 900 граѓани.